Home » DUNLOP ЛЕТНА АВАНТУРА

DUNLOP ЛЕТНА АВАНТУРА

Кажи ни кој е твојот адреналински сон и ние ќе ти платиме за да го оствариш!

 

Во период од 15.03.2018 – 01.06.2018, за секој купен сет Dunlop гуми добиваш формулар за учество во Dunlop летната авантура. Раскажи ни кој е твојот летен сон! Дали сакаш да патуваш низ Македонија? Дали сакаш да се пуштиш слободно со параглајдер од Галичица? Можеби сакаш да ја запросиш девојка ти на несекојдневен начин? Или пак да нуркаш во Охридското езеро со професионални инструктори?  Која и да е твојата желба, Пнеуматик има начин и волја да ти ја исполни!

Чекор 1: Купи Dunlop гуми во Пнеуматик!

Чекор 2: Пополни го формуларот за учество во натпреварот! Колку поинвентивна приказна толку поголема шанса за победа!

Чекор 3: Откога ќе биде објавена твојата авантура на веб страната на Пнеуматик, сподели ја со своите пријатели со #DunlopSpirit . Колку повеќе гласови, толку поголема шанса за победа!

 

Услов за учество:

  • купен сет од 4 Dunlop гуми за автомобил или купен сет од 2 Dunlop гуми за мотор
  • учествуваат фискални сметки од 15.03.2018 – 01.06.2018
  • фискалната сметка мора да се чува и приложи како доказ
  • авантурата мора да се одвива на територија на Република Македонија и да не преминува повеќе од 3 дена

Начин на исполнување:

  • Комисијата од Пнеуматик и Данлоп ќе одлучи за 3 (или 5) најинтересни, најинвентивни авантури кои имаат потенцијал да бидат спонзорирани (зависно од видот на авантурата, начинот на реализација, популарноста на социјалните медиуми, итн.).
  • Пнеуматик ќе организира дружење за трите потенцијални добитници во Картинг центарот каде што со секој поединечно ќе се разговара за деталите и можноста за реализација на авантурата.
  • По оваа средба, комисијата ќе одлучи кој од натпреварувачите го поседува спортскиот дух на Дунлоп и чива авантура ќе биде спонзорирана.
  • Претставник на Пнеуматик ќе биде задолжен да го организира патувањето во договор со добитникот.
  • Пнеуматик целосно ќе го покрие патувањето на добитникот, вклучувајќи трошоци за транспорт, сместување и останати ставки поврзани со авантурата. Авантурата не смее да надмине 1.000 Евра.
  • Добитникот нема право да бара рефундирање на фискални сметки кои самостојно ги платил за време на патувањето, а претходно не се консултирал со претставникот на Пнеуматик.
  • Авантурата треба да се реализира во период од 01.07.2018-31.09.2018

 

Повеќе информации во нашите салони во
Центар 071-368-321, centar@pneumatik.com.mk
Аеродром 078-366-566, aerodrom@pneumatik.com.mk
Битола 078-366-776, bitola@pneumatik.com.mk
Тетово 078-366-636, tetovo@pneumatik.com.mk

 

Освои незаборавно искуство низ Македонија и оствари ја својата адреналинска авантура со Данлоп и Пнеуматик!

Пријавени учесници

Сподели на: Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+