Home » Совети и новости » Индустриски пневматици со докажан квалитет и трајност

Индустриски пневматици со докажан квалитет и трајност

Без разлика дали станува збор за опремување на натоварувачи, ровокопачи, багери, виљушкари, кранови, опслужувачи на контејнери, или пак терминални влекачи – со своето големото портфолио на производи, BKT на сите ќе може да им излезе во пресрет со адекватна понуда на најсовремени видови пневматици.

Го живееме времето на четвртата индустриска револуција во која драматични промени доживуваат сите гранки, од комуникациите и технологијата па се до логистиката и машинството. Во позадина на овој развој, како поддршка, секогаш стои гумарската индустрија, во која пак индиски BKT (БКТ), нуди широк спектар на сериски и посебно изработени производи, и тоа за најразлични индустриски употреби.

 

За помалку упатените, Balkrishna Industries Limited или накратко (BKT) е една од најстарите индустриски групации во Индија чии бизнис активности датираат уште од 1954 година, односно веднаш по стекнување на независноста.

Како посебна единица, гумарската секција на компанијата се формира во 1987 г. период од кој BKT силно се фокусира на производство на пневматици за вон асфалтна намена. Во широкиот асортиман на индискиот водечки производител се вклучени наменски производи за машини за земјоделие, градежништво и индустриски машини како и специјализирани производи за померување на терен, рудници, пристаништа и за апликации во градинарството.

Во меѓувреме компанијата, која вработува над 7.000 луѓе станува една од најбрзо растечките светски производители на вон асфалтни пневматици.

 

Иако седиштето на BKT е во Мумбаи, таа има и директни претставништва во Европа, Канада и САД кои успешно асистараат во продажбата но исто така и во анализа на потребите на пазарот како и во развојот на нови производи. Присутноста на компанијата во над 160 земји од сите континенти, преку специјализирани дилери и партнери, јасно ги одразува потенцијалите и амбициите на индискиот производител.

 

Пневматици за индустриските 4.0 апликации

Очекувањата на корисниците на вон асфалтните пневматици се екстремни, исто како и машините за кои се наменети. И згора на тоа тие очекуваат инвестициите во добри пневматици бргу да им бидат исплатливи. Имајќи го тоа предвид BKT развива широк спектар на гуми наменети за најразлични сериски и специјални машини кои ги пласира под своите суб-брендови.

 

Како примери можат да послужат сериите MULTIMAX, PORTMAX, AIROMAX и EARTHMAX.

 

Најпопуларната радијална гума на BKT без никакви дилеми припаѓа на EARTHMAX серијата. Првиот примерок е произведен во 2008 и беше наменет за помалите натоварувачи. Дизајнирана за да издржи работа во каменоломи, рудници и градилишта, таа е идеална за монтирање во дампери, грејдери, натоварувачи, дозери и разместување товар во депониите. Вкупно 25 различни модели и големини, вклучувајќи ги тука и гигантските димензии, се ставаат на располагање на бројните клиенти.

 

Пневматиците од MULTIMAX серијата доаѓаат во разни шари, а заедничко за сите е одличната снаодливост на разни терени. Овие пневатици се првенствено наменети за компактни натоварувачи, багери, разни рачно управувани машини како и на машини наменети за оддржување на општините.

 

BKT во својата понуда ја вклучува и AIRMAX серијата на пневматици која првенствено е наменета за кранови кои се користат во градежништвото. Поради постојаната изложеност на стресни удари како и поради употребата на лоши терени по градилиштата, овие гуми се конструирани со посебен акцент на топлинска издржливост. Поради високата доверливост на Airmax при услови на подигнување на товар, овие пневматиците претставуваат одличен избор за употреба во крановите.

 

Од друга страна пневматиците од PORTMAX серијата првенствено се наменети за логистичка поддршка поврзана со пристанишните апликации. Силни и стабилни, овие пневматици можат да се справат со тешки работни услови при што поднесуваат и големи тежински оптеретувања. Најновиот член на ова семејство е PORTMAX PT 93, пневматик специјално наменет за терминалните влекачи. Тој оперира при најтешки оптеретувања во пристанишата и центрите за логистика, со што само се потврдува високата стабилност при екстремни оптеретувања.

За повеќе информации околу достапност на димензии, цени или посебни нарачки, обратете се на 078/268-030 или 02/2602-066.

 

 

Сподели на: Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter