Home » Историјат

Историјат

Компанијата ТДА ТРЕЈД е основана во 1991 година како увозник и дистрибутер на гуми (пневматици) за сите видови на возила во Македонија.

За кус период стана лидер на македонскиот пазар на пневматици. Доказ за квалитетната и успешна работа е рангирањето на компанијата во 200-те најуспешни деловни субјекти во Македонија во изминативе 10 години.

Со цел да ги задоволи специфичните потреби на сите свои клиенти, во 2003 година, компанијата ТДА ТРЕЈД ја подели палетата на услуги на две различни компании. Така, малопродажбата беше ребрендирана под името ПНЕУМАТИК, додека ТДА ТРЕЈД остана одговорна за големопродажба на гуми во Македонија. Се трудиме секогаш на нашите ценети потрошувачи да им ги понудиме најдобрите цени на гуми во Македонија.

ПНЕУМАТИК располага со три сопствени услужно-продажни објекти во Скопје, еден во Битола и еден во Тетово. Во Штип и во Кичево функционираат партнерски сервиси кои го носат името Пнеуматик добиено по пат на франшиза. Сите објекти се опремени со најсовремени машини и посебно обучен кадар кој ќе ви помогне во најкус можен рок да ги надминете и решите сите проблеми поврзани со вашите пневматици.

Денес ПНЕУМАТИК има многу широк асортиман на производи од областа на гумарската индустрија. Официјален застапник е за пневматиците од брендовите MICHELIN, GOOD YEAR, CONTINENTAL, DUNLOP, PIRELLI, KLEBER, COOPER, FULDA, SAVA, TIGAR, DEBICA, BKT и MENTORЕкслузивен застапник е за алуминиумски фелни од програмата на светски познатите OZ-RACINGИсто така, е и официјален застапник за акумулатори од брендот ENERGIZER.

За целосно задоволување на потребите на купувачите, ПНЕУМАТИК разви одлична палета на услуги. Една од екслузивните услуги кои ги нуди на своите клиенти е чување на зимски, односно летни гуми – пневматици, во идеални услови во сопствени магацини.

Во текот на досегашното работење ТДА ТРЕЈД и ПНЕУМАТИК развија и одлична дистрибутерска мрежа низ целата држава, со која ги покриваат сите поголеми градови.

Денес ТДА ТРЕЈД и ПНЕУМАТИК ја продолжуваат својата мисија – секогаш да бидат во чекор со новитетите во својата област, нудејќи производи и услуги достапни за секого.