Home » Совети и новости » Патуваме низ Европа

Патуваме низ Европа

Летото е период кога многумина се впуштаат во нови авантури. Доколку Вашиот летен предизвик е да ја прошетате Европа со автомбил, не заборавајте дека секоја од земјите си носи свои специфики и правила во сообраќајот. Безбедноста е секогаш на прво место, па затоа пред да тргнете на пат, проверете го Вашето возило, проверете ја состојбата на пневматиците и дознајте подетално за поединечните специфики на земјите кои планирате да ги посетите. Ние на кусо ќе ви понудиме интересни факти кои се помалку познати, а сепак исклучително битни за безгрижни патувања низ Европа.

 

На пример, ако ја одбравте Хрватска и имате под 24 години, не смеете да возите со брзина повеќе од 80 км на час во градска средина и повеќе од 100 км на час на автопатите. Младите имаат подобра меморија, нека Ви остане и оваа забелешка на ум.

 

Доколку сте од оние среќници кои носат диоптер и ако патот Ве води накај Шпанија, носете си резервен пар во возилото. Обврзувачко правило од сончевата Шпанија!

 

Во Луксембург законски сите патници во возилото мораат да носат заштитни каиши. Врзете се ова лето ако Луксембург Ви е во план.

 

Заборавете на мобилниот телефон ако летово одите кон Холандија. Само држење на мобилниот телефон, без притоа да го користите се смета за незаконско дејствие.

 

Претекнување од десна страна во Португалија може да Ве чини вртоглави 1000 евра казна. Возете внимателно и претекнувајте ако навистина морате.

 

Доколку летово патот ве носи кон прекрасната Италија, сметајте дека за изнајмување на автоматик возило треба многу, многу порано да направите резервација во рент-а-кар агенција.

 

Во некои земји законски се дозволени минимум промили на алкохол во крвта додека возите, но Русија, Словачка и Чешка имаат НУЛА толеранција.

Ако знаете некој интересен факт за сообраќајот во некоја од Европските земји, пишете ни во коментар. Ние ќе го провериме и ќе го додадеме во нашата листа на натписи “Патуваме низ Европа”.

 

 

Сподели на: Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter