Nankang N-607

Во 1920-та година, Џон Ф. Сипе, работник во кланица, по кој знае кој пат се лизнал на влажниот под и решил да направи нешто во врска со тоа. Со остар нож, направил неколку фини линии на гумата од неговите чевли и открил дека тие рассекотини даваат многу подобра, нелизгачка површина на гумата. Останатото е историја. Денес, ова е оссновниот процес на создавање на поврчината на гумата со цел да се подобрат перформансите на влажен или заледен пат.

Последниот модел на Нанканг пневматик за сите сезони – N-607, е дизајниран со широки зимски блокови на линии кои овозможуваат безбедност во студената сезона. Истовремено, N-607 го има рамето типично за летните пневматици за да обезбеди ослични перформанси и стабилност на рабовите при суви услови – што значи, најдоброто од двата светови. Со Нанканг пневматиците, не само што добивате исклучителен грип и стабилност без да си го намалите многу салдото во банката, добивате и гаранција како доказ за исклучително високиот квалитет.

Зошто Нанканг за сите сезони? Едноставно е!

  • Напредниот дизајн ви овозможува безбедни и добри перформанси во текот на целата година, со удобност, издржливост и тивко возење. Покрај тоа, сите сезонски гуми на Нанканг се посебни не само во дизајнот, туку и во горниот слој на гумата, кој е помек и еластичен. Не се стврднува како летните гуми и овозможува многу повеќе зафат и сопирање на снегот.
  • Гумите за сите сезони на Нанканг се обележани со официјалниот симбол “планина-снег-снегулка“, гарантирајќи дека тие ги исполнуваат условите на строго тестирање на надлежните органи и се погодни за работа во тешки временски услови.
  • Не мора да ги менувате гумите двапати годишно.

Кога е време да ставам Нанканг за сите сезони?

  • Сега е добро време, особено ако вашите гуми се со помалку од 1,6 мм низ централните три четвртини од гумата (или погледнете ги индикаторите за гуми вградени во жлебовите) или имате исекотини и испакнатини, особено долж рамото.
  • Сега е добро време затоа што искрено, временската прогноза ни приредува големи изненадувања деновиве и сèшто може да се случи од еден до друг ден.

Изберете ја вистинската гума на Нанканг за вашиот автомобил. Нашите продажни асистенти ќе ви дадат стручни совети за избор и спецификации на гумите, прилагодени на вашите барања.

 

 

 

Сподели на: Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter