Home » Сподели Нанканг искуство!

Сподели Нанканг искуство!

Во наредните неколку недели, би сакале да ги следиме навиките на различни Нанканг корисници, возачи во град, на автопат, на мали и големи патнички автомобили, приватни и службени комбиња, и да ви ги претставиме нивните искуства при возењето со Нанканг пневматици, како и нивните практични совети за останатите возачи.

Првиот извештај е на нашиот Нанканг возач, Елена.

Најпрвин, селфи со насмеаната Елена направено откако ги истестира Нанканг гумите. “Се одлучив да купам Нанканг бидејќи прочитав многу позитивни критики” – вели таа, “Како жена кога им пријдов на дечките во салонот, бев малку нервозна, но тие направија да се чувствувам толку опуштено и без двоумење веднаш се одлучив да ги променам сите 4 гуми. Big like!”

“Навистина сум воодушевена од моите нови гуми. Сега автомобилот го чувствувам сосема поинаку. Со претходните гуми, веднаш штом ќе се наводенеа, чувствував како колата да ми се шета насекаде. Не можам, а да не дадам одлична препорака. Не знам ни самата зошто чекав долку долго за да се одлучам за Нанканг.”

Благодариме Елена!

________________________________________________

Третиот коментар ни пристигна на нашата Facebook страна.

“Возам Нанканг гуми на моето Пунто и можам да кажам дека се зачудувачки добри!” – изјави Дарко од Тетово – “имам поминато неколку илјади километри со нив и ги чувствувам дека се удобни и тивки. Често одиме во Маврово, па добро ми се покажаа на снег и раскашавен асвалт. Навистина сум задоволен. Би ги препорачал на сите што возат мала кола како мојата. ”

Благодариме Дарко!

Вториот извештај е од искусниот возач Благоја!

“Неправедно е да се класифицираат гумите на Нанканг како еден од оние евтини кинески брендови” – вели 52 годишниот Благоја. “Всушност, јас открив дека Нанканг е најстар производител на гуми во Тајван, основан некаде во 40-тите години.”

“Моето прво искуство со гуми Нанканг беше во 2006 година, кога отидов на мојот тогаш многу заслужен одмор во Азија. Мојот рен-а-кар беше Mitsubishi Lancer опремени со гуми со низок профил Nankang Ultra Sport (или така нешто). Тоа беа од оние со насочен дизајн на V-шарите. Открив дека гумите се над просекот во однос на влажниот и сувиот зафат, а не беа лоши ни во смисла на удобност.”

“Tогаш се сеќавам дека имав некои ситни забелешки. Но, како и да е, тоа беше пред повеќе од десет години. Пред неколку години открив дека и кај нас во Македонија почнале да се увезуваат Нанканг гуми. Kако голем фанатик на автомобили, веднаш сакав да ги пробам” – продолжи Благоја – “Гледам дека Nankang сега нуди нов асортиман на гуми за автомобили, кросовери, миниваци, камиони и други возила. Мојот заклучок е дека брендот значително го подобрил квалитетот на нивните гуми без да ги зголеми многу цените. Задоволен сум од летните гуми, па сега ќе ставам и зимски Нанканг. ”

Зошто повторно одбрав да ставам Нанканг гуми?

Дизајн на шарата!

“Јас лично сакам да ми биде “убаво на око”, па кај гумите Нанканг ми се допаѓаат спортските и агресивни дизајни на шарите. Не е тајна дека вистинскиот сет на гуми може да го направи или да го наруши стилизирањето на возилото, па затоа е добро да се знае дека гумите Нанканг имаат убав спортски изглед покрај прифатливата цена.”

Ниска цена!

“Има гуми кои се со просечна цена, а има и такви што може да се сметаат за многу ефтини. Гумите на Нанканг се во средината на опсегот. Јас можев да најдам и поевтини алтернативи, но не можеме да очекуваме повисоки перформанси за помалку пари, нели? Колку пари – толку музика!”

Напиши ја и ти твојата сторија за Нанканг! Сподели го твоето искуство со нас, а ние ќе го објавиме на нашата веб-страна како совет до останатите возачи!

Имам над 18 години: ДаНе

Имам валидна возачка дозвола: ДаНе

Сподели на: Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter