Home » Совети и новости » Вистината за Нанканг

Вистината за Нанканг

Нанканг е најстара и најпрепознатлива компанија за производство на гуми во Тајван и пошироко на Азискиот континент. Oснована од неколкумина инжењери уште во 1959-та година, основите ги темели на принципите на Јапонската производствена технологија.

Водени од корпоративно мото „Интегритет, практичност и иновација“, Нанканг се карактеризира со 60 години работа посветенa на безбедноста во сообраќајот. Првично наменети за употреба на домашните возила на Тајван, квалитетните производи на Нанканг многу брзо се проширија за комерцијална употреба и аеронаутика и го добија Q1 сертификатот на FORD Motor Company во 1987 година.

Денес, Нанканг се карактеризира како “all-around brand”, односно производител кој ги опфаќа сите аспекти на денешното модерно живеење и покрај стандардните димензии за патнички возила, 4х4, СУВ и комбиња, нуди и ниско профилни пневматици, егзотични димензии, ретро гуми и нестандардни димензии.

 

Во текот на изминатите 60 години, континуираните напори во одржување чекор со напредокот на технологијата и контролата на квалитетот на производите, Нанканг се покажаа вредни не само во развојот на многу иновативни и трајни производи, туку и донесоа бројни глобални награди за  обезбедување и одржување на квалитетот на пневматиците.

Пневматиците на Нанканг се дистрибуираат на секој поголем континент, во над 100 земји ширум светот и се светски познати по нивниот супериорен квалитет и иновативност. Нанканг никогаш не престанува да бара извонредност во сите процесите на производството.

Во Македонија, Пнеуматик е единствен и официјален увозник на Нанканг пневматиците. Најпродаваните димензии се секогаш достапни на лагер, а специфичните ретро или егзотични модели секогаш можат да се нарачаат со многу краток рок на испорака.

Дознај повеќе од искуствата на оние кои веќе се одлучиле за Нанканг.

Сподели на: Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter