Сите производи кои ги имаме на залиха можете да ги купите со директна нарачка на нашата веб страна. Можете да изберете да платите во готово при преземање на пратката или електронски со валидна кредитна/дебитна картичка. Сметката и гаранцијата за купениот производ ќе ви бидат дадени при превземање на производот.

Постапката е едноставна:

  1. Изберете го посакуваниот производ и кликнете на копчето „Додај во кошничка”. Вашата потрошувачка кошничка се наоѓа во десниот горен агол на страната.
  2. Оставете точни лични податоци и начин на подигнување на производот.
  3. Во случај да одберете производот да го подигнете во некој од салоните на Пнеуматик, имате опција да одберете дали сакате нарачаните пневматици да ви бидат монтирани на вашето возило.
  4. За да ги нарачате производите кои се наоѓаат во вашата кошничка, кликнете на копчето „Купи“.

Ако нарачувате за прв пат и немате профил на нашиот сајт, изберете ја соодветната опција, по што ќе бидете пренасочени на страницата за креирање на профил (постапката одзема помалку од минута).

Првично, ќе добиете e-mail порака за потврда на примената нарачка. Нашите продажни асистенти ќе ви се јават телефонски да ја потврдат точноста на дадените податоци и да ја потврдат испораката на нарачаниот производ. 

ВАЖНО

Доколку нарачате нешто од нашиот сајт www.pneumatik.mk законски се обврзувате истото уредно да го примите на наведената локација. Доколку го злоупотребите нашиот сервис за достава, Пнеуматик ќе покрене законска постапка против вас за да ја надомести штета направена од злоупотребата.